Во Бугарија 171 заразен со Ковид-19, најзасегнати оние на возраст меѓу 40 и 49 години

209

Во Бугарија се евидентирани 29 нови случаи на заразени со Ковид – 19, со што бројот на заболени во земјата се искачи на 171.

Повеќето од новите случаи се од Софија. Ова го соопштија претседателот на бугарскиот Оперативен штаб и началникот на ВМА генерал, Венцислав Мутафчијски, јави БГНЕС.

Најпогодени се луѓе на возраст меѓу 40 и 49 години.

Вкупно 24 случаи, меѓу кои и тројцата починати се над 70-годишна возраст. Од нула до 50 се сите останати случаи, од кои осуммина се со тешка клиничка слика. Тие се хоспитализирани, а останатите се во домашен карантин. На возраст до 19 години се седум отсто од заболените.