Храната и пијалаците во Македонија се најевтини 

102

Македонија има најевтина храна и безалкохолни пијалоци споредено со останатите европски држави, објави „Евростат“.

Лани прехранбените продукти во земјава се продавале за околу 35 проценти поевтино од  просечната цена што ја имале во државите од Европската Унија. По најниски европски цени се продаваат млечните производи, овошјето и зеленчукот, како и месото и рибата.

Повисоки цени на прехранбените продукти има и во сите држави од соседството.

Освен Македонија, меѓу земјите со најевтина храна и безалкохолни пијалаци се и Романија, Полска и Турција.

Истовремено, Северна Македонија е и земја со најниска просечна плата во Европа. Според Државниот завод за статистика таа изнесува 413,67 евра, а според Сојузот на синдикатите, за да се наполни минималната потрошувачка кошничка за четиричлено семејство, недостигаат уште стотина евра.