Рускиот претседател Владимир Путин во интервјуто со американскиот режисер Оливер Стоун потврди дека тој често бил цел на атентатори и дека во еден момент побарал совет од кубанскиот лидер Фидел Кастро, за кој е познато дека преживеал стотици атентати. Кастро му одговорил дека е жив исклучиво благодарение на тоа што секогаш лично се занимал со прашањето за сопствената безбедност, пишува политика.рс

Се чини дека Путин и самиот тоа добро го знаел, бидејќи само 11 дена откако стапнал на чело на државата, за шеф на Федералната служба за безбедност (ФСБ) го поставил својот стар соборец од безбедносните структури во родниот град Санкт Петербург, Евгениј Муров. Кога во 2016 година Муров заминал во пензија,  го замени неговиот наследник, заменик, московјанинот Дмитриј Кочњев. Покрај претседателот ФСБ ги чува судиите, официјални лица и објектите како Кремљ и државната Дума. На оваа служба, која некогаш беше Деветта дирекција на КГБ, ú припаѓаат и најдобрите снајперисти, кои по покривите на Кремљ и останатите згради обезбедуваат разни настани, како на пример познатите паради со толпа народ на „Црвениот плоштад“.

Тајност им е во описот на работата па на никому не мораат да му објаснуваат зошто џи-пи-ес апаратите „полудуваат“ кога ќе се најдат во близина на рускиот претседател. Медиумите претпоставуваат дека службата ги попречува сигналите на сателитот за да спречи напад од дрон. Попречувањето се врши не само во Кремљ туку и кога Путин патува некаде. Во текот на посетата на Керчкенскиот мореуз во 2016 година апаратите на закотвените бродови одеднаш покажаа дека се наоѓаат на аеродромот во Симферопол, оддалечен 200 километри.

Шефот на Белата куќа го чуваат припадници на Тајната служба во рамките на Министерството за внатрешна безбедност. Тие се грижат за безбедноста на претседателот, на потпретседателот и на нивните семејства, за странските државници во текот на нивната посета на САД  како и за најважните изборни кандидати.

Во текот на интензивната обука сите агенти и офицери мораат да поминат специјален курс на „безбедно возење“ на автомобили. Уште посложен е курсот за мотоциклисти, кои на две тркала ги следат лимузините, а мораат да знаат да возат велосипед, теренски возила, па дури и возила за голф. На полигонот за тестирање во Мериленд тие вежбаат на два вида тротоари, бидејќи тие не се исти во сите земји.

Сепак, ни по пет обуки не се потполно подготвени да седнат зад воланот на речиси десет тони блиндираната лимузина, позната како „кадилак 1” или „ѕвер”. Следува нов петдневен курс на возење кој го положуваат само 60 отсто од кандидатите. Комплетната обука има цел да не се повтори најлошиот момент во историјата на службата: 22 ноември 1963 година кога  снајперист во Далас го уби претседателот Џон Ф. Кенеди додека се возел во својот отворен кабриолет.

Оваа катастрофа се проучува со денови за да не се повторат кардиналните грешки: патеката на поворката не смее да се знае однапред, зградите  од кои атентаторот би имал чист простор да пука и слично треба да се испразнат. Инаку,  Кенеди барал кровот од кабриолетот да се симне и агентите да не бидат покрај и до него во автомобилот. Овој случај покажува дека претседателот може да биде  безбеден само толку колку самиот ќе си дозволи, бидејќи телохранителите можат да го посоветуваат што е најбезбедно за него, но не и да му наредат.

Еден од најголемите предизвици за службата било чувањето на Барак Обама, бидејќи на вообичаените проблеми околу заштитата на најмоќниот политичар на светот е додаден и елементот на расата. Во времето кога победата на Обама била сè по извесна, буквално секоја внатрешна терористичка закана му била нему директно упатувана, потврдиле подоцна луѓето од безбедносните структури.

Џозеф Питро, кој во Тајната служба минал 23 години, од кои четири веднаш до Роналд Реган, составил формула за проценка на ризикот за секој станар на Белата куќа. Факторите во таа равенка се општата атмосфера во општеството во дадениот момент  и специфичната личност на претседателот. И во случајот со Обама, факторот на личноста бил отежнувачка околност, бидејќи колку и да сакале  агентите веднаш по некој настан да го оддалечат од народот, тој во текот на кампањите редовно влагал во масата народ. Сепак, првиот говор по победата го оддржа пред речиси четвртина милион луѓе зад непробојно стакло. По инаугурацијата очигледно ги послушал советите и избегаваше директно мешање со народот.

Службата што го чува кинескиот претседател Си Џинпинг е уште потаинствена. Централното биро за безбедност, познато и како Биро-гарда, управува со неколку илјади елитни војници кои ги штитат лидерите, нивните семејства и пекингшкиот кварт Жонгнанхај каде што живее поголемиот дел од врвот на КП на Кина.

Првиот човек во оваа служба од секогаш имал политички чувствителна и влијателна позиција. Оваа функција стана сè поважна, откако кинескиот моќник пред неколку години поведе остра борба против корупцијата и упаси повеќе од 30 генерали и високи цивилни функционери на партијата.

Присуство  на двајца телохранители зад грбот на Си на важен партиски конгрес во 2015 година, кои будно ја надгледуваа хостесата додека послужува чај, во хонгконшките медиуми е протолкувана како доказ дека претседателот стравува од можна освета од лужето блиски на сменетите функционери.

Хонконгшкиот „Саут чајна морнинг пост” истата година од доверливи извори дознава дека Си го сменил составот на гардата и поставил нов шеф на безбедност поради стравувањата за личната безбедност, што подоцна беше потврдено кога беше во официјална посета на Барак Обама. Неименувани извори за хонгконшкиот весник изјавиле дека Си бил цел на атентатори речиси 20 пати во последните години.

Лесно  до Белата куќа

Речиси не поминува година и некој, настојувајќи се да го пробие ѕидот на Белата куќа, се обидува да стигне до американскиот претседател претежно „да го праша нешто“. Според веб-страницата на Белата куќа, Томас Џеферсон, бил првиот што подигнал ограда која се зајакнувала со текот на годините. Обидите да се пробие  имотот на Авенијата Пенсилванија 1600, без разлика дали е на овој начин или на некој сериозен начин, се многубројни. Според еден извештај, имало повеќе од сто од 2005 до 2015 година. Во февруари оваа година, еден човек удрил со агент, тврдејќи дека имал закажан разговор со Трамп за ѕидот во Мексико и како да му донесе мир на светот. Во март, пак, друг маж успеа да ја прескокне оградата и 16 минути се шеташе низ дворот со две шишиња солзавец. Трамп беше во зградата.

Во март 2017 година, 38-годишна жена беше уапсена по третпат во обид да скокне над оградата на Белата куќа за да разговара со претседателот.

Семејството Обама имаше огнено крштевање на нивната прва вечера за странски државјанин во ноември 2009 година, кога неколку натрапници успеаја да влезат во Белата куќа и да се ракуваат со претседателот кога беше домаќин на премиерот на Индија.

Многу посериозен инцидент се случи во 2011 година кога вооружен напаѓач пукаше во Белата куќа додека внатре беше една од ќерките на Обама. Тајната служба тогаш се посрамоти бидејќи супервизорот не ги алармираше агентите, мислејќи дека звуците доаѓаат од блиското градилиште.

Во октомври 2013 година се случи еден од ретките инциденти со смртни последици. Жена се удри во безбедносна рампа и во агент на Тајната служба во близина на Белата куќа, а потоа бегаше низ блиските улици кон зградата на Конгрес додека полицијата ја бркаше. На крајот е убиена од огнено оружје. Двајца полицајци се повредени додека бебето што жената го возела останало неповредено.