ХИТ на Интернет – Трамп јаде пица и им нуди парче на своите приврзаници/ВИДЕО

79

Видеото од поранешниот американски претседател Доналд Трамп како ја нуди својата полуизедена пица на приврзаниците стана вирално откако беше споделено на социјалните мрежи.

Поранешниот претседател застана во пицерија во Форт Мајерс, Флорида, откако зборуваше во конгресниот центар Калосахачи во петокот, 21 април. Поддржувачите на Трамп пристигнаа во Куќата на пицата во центарот на градот каде што поранешниот претседател зборуваше со толпата додека јадеше парче од пица со феферони.

Видеото објавено од репортерката на Си-Ен-Ен, Кејт Саливан, го овековечи моментот кога Трамп им понуди на приврзаниците парче од својата пица. Во видеото, споделено на Твитер, се вели: „Трамп вечерва застана на пица по говорот во Форт Мајерс и им подели парчиња на поддржувачите“.
Во видеото, Трамп држеше пица со феферони кон толпата, која пак го скандираше неговото име. Во еден момент од снимањето, поранешниот претседател праша: „Дали некој сака парче што го изедов?“, а едно лице одговори: „Сакам парче“.

Трамп потоа им се насмевна на неколку минувачи пред да го врати парчето во кутијата, а потоа го пофали квалитетот на пицата.

Објавата беше споделена вчера и стана вистински хит на интернет со над е  4,7 милиони прегледи.