Хабиб и Мекгрегор повторно ќе си ги кршат вилиците

49

Повеќе нема дилеми, Хабиб Хурмагомедов и Конор Мекгрегор повторно ќе влезат во кафезот еден против друг, а нивната борба е предвидена за оваа година.

  • Сигурен сум дека многумина посакуваат повторно да гледаат борба помеѓу нив двајца. Тоа ќе се случи, призна претседателот на УФЦ, Ден Вајт.

Точниот термин за реванш мечот помеѓу Русинот и Ирецот ќе биде познат по одлуката на Атлетската комисија на Невада, која ќе биде донесена кон крајот на месецов.  Двајцата борци ги очекува казна поради хаосот по нивната прва борба. Имено, Хабиб беше многу подобар, Мекгрегор се предаде во четвртата рунда, а потоа дојде до тепачка во која учествуваа и тренерите. Поради тоа, во зависнотс од нивните казни, ќе биде одреден датумот на нивната нова „војна“.

Меѓутоа, тимот на Хабиб на „Твитер“ напиша: „УФЦ 236“, што беше сфатено дека борбата ќе се одржи на тоа случување кое е закажано за 13 април.

Имено, доколку Нурмагомедов и Мекгрегор ќе добијат суспензии од по шест месеци, таа би истекла во до април, бидејќи казната се смета од датумот на борбата, кој беше на 6 октомври минатата година.