Финската сауна стана дел од светското културно наследство

61

Финската сауна е додадена на списокот на светско наследство на УНЕСКО, објавија од агенцијата на ООН и финската влада.

„Сауната е составен дел од секојдневниот живот и прославите, како и начин на живот и одржување на здравјето на Финците“, рече финската министерка за наука и култура Аника Саарико.


“Затоа нашата култура на сауна ќе биде уште попозната низ целиот свет. Сите корисници на сауна можат да бидат горди на тоа”, додаде таа.

Сауните можат да бидат дома или јавни и да имаат различни големини и форми, вклучувајќи електрични и на дрва.

Тие вклучуваат многу повеќе од само капење, а главниот момент е „ loyly“ – истурање вода на шпоретот или врз камења, што создава пареа.

„Луѓето на тој начин ги чистат своите тела и умови и добиваат чувство на внатрешен мир“, соопшти УНЕСКО.

Скоро 90 проценти од Финците користат сауна барем еднаш неделно и во земјата има околу 3,2 милиони сауни.

Ова е првпат Финска да се запише на списокот на светско наследство на УНЕСКО.