Филм: „Студена војна“ – страсна љубовна приказна

100

На 8 октомври, со почеток од 19 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотека ќе се прикаже полскиот игран филм „Студена војна“ (Cold War) во режија и по сценарио на Павел Павликовски.

Сторијата на филмот, кој е во црно-бела техника, зборува за страсната љубовна приказна меѓу младата и амбициозна пејачка и танчарка Зула (Јоана Кулиг) и музичарот и диригент Виктор (Томаш Кот). Зула излегува од поправен дом и се пријавува на аудицијата на новоформираното културно-уметничко друштво што ги негува традициите на полскиот фолклор веднаш по војната.

„Студена војна“ (2018) освои „Златна палма“ за режија во Кан минатата година и беше еден од најсериозните кандидати за Оскар, со бројни одлични критики низ целиот свет.