Филм: „Патници“ – опасноста демне и од внатре…

52

„Патници“ (Voyagers) е насловот на американскиот филм кој публиката веќе може да го погледне во скопските кина.

Оваа фантазија-авантура, сместена во блиска иднина, ја раскажува одисејата на 30 млади момци и девојки кои се пратени на мулти-генерациска мисија во вселената, во потрага по нов дом. Мисијата наскоро оди во нова насока, целиот екипаж запаѓа во лудило и повеќе не знаат дали опасност демне надвор од бродот или самите тие се опасноста…

Улогите се на Колин Фарел, Тај Шеридан, Лили-Роуз Дип, а режијата е на Нил Бургер.