Гендузи прво како позајмен

31

Францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Матео Гендузи, новата клупска сезона ќе ја одработи како позајмен фудбалер во дресот на францускиот гигант Олимпик од Марсеј. Малдиот играч за врска изминатата сезона ја одработи како позајмен фудбалер во дресот на германскиот бундеслигаш Херта од Берлин, а челниците на Марсеј имаат право да го откупат неговиот договор на крајот од сезоната.