Филмски сетови на кои луѓе ги загубија своите животи

193

За жал, на овие познати филмски остварувања, загинаа луѓе кои учествуваа во нивната подготовка. Тие беа или луѓе кои работеа на специјалните ефекти, во техничкиот дел, каскадери, а во еден од нив загина и главната ѕвезда во филмот…

Филмските продукции почитуваат голем број прописи и правила со цел членовите на филмската екипа да бидат безбедни, но додека се снимаат сцени со висок ризик, изведувачите понекогаш се ставаат себеси во ситуација во која дури и најмала грешка може да биде смртоносна… За жал, на овие познати филмски остварувања, загинаа луѓе кои учествуваа во нивната подготовка. Тие беа или луѓе кои работеа на специјалните ефекти, во техничкиот дел, каскадери, а во еден од нив загина и главната ѕвезда во филмот.

Гавранот (The Crow)

Улогата во филмот „Гавранот“ (1994) требаше да го лансира синот на познатиот Брус Ли, Брендон Ли, високо на листата на големите филмски ѕвезди. Наместо тоа, серијата инциденти и заменетата муниција го чинеа актерот живот. За сценатa во која еден од ликовите во филмот користи пиштол, каде што е нормално да се користи лажна муниција, екипата употребила вистински куршуми, верувајќи дека ја отстраниле можната опасност. За жал, во пиштолот имало вистински куршуми, па така по повлекување на чкрапало дошло до фатален момент. Куршумот го погодил Ли во стомакот и му го повредил ‘рбетот. Тој бил пренесен во болница, но било предоцна. Синот на Брус Ли го загуби животот на филмскиот сет којшто го направи светски познат.

Темниот витез (The Dark Knight)

Прашање е дали ова продолжение на Бетмен од 2008 насловено „Темниот витез“ го наведе актерот Хит Леџер (кој го глуми Џокер) на случајно предозирање, но сигурно е дека Конвеј Виклиф, техничар за специјални ефекти, починал додека се снимал филмот. Тој бил во возило со погон на четири тркала кога удрил во дрво. Се здобил со смртоносни повреди откако возачот на автомобилот не успеал да сврти под прав агол, како што било договорено и удрил во дрво.

Платеници 2 (The Expendables 2)

Високобуџетното, второ продолжение на „Платеници“, во кое се појавуваат повозрасни акциони филмски sвезди како Силвестер Сталоне и Чак Норис, беше засенето од трагедија. Поточно, кинескиот каскадер Кун Лиу загинал за време на сцената што се случила на еден запален брод. Уште еден член на екипата, Нуо Сан, исто така се здобил со сериозни повреди. И покрај трагичните настани, филмот беше завршен и објавен во 2012 година.

Топ Ган (TOP GUN)

Иако пилотите биле обучени професионалци и сите мерки на претпазливост биле преземени со цел екипата на филмот „Топ Ган“ од 1986 да биде што е можно побезбедна, за време на летањето постојат опасности со кои пилотите секојдневно се среќаваат. Додека го ротирал авионот, пилотот Арт Шол не бил во можност да се исправи од овој маневар и завршил со тоа што се урнал заедно со авионот. Филмот потоа бил посветен на пилотот Арт Шол.

„Зона на самракот“ (Twilight Zone: The Movie)

Во сцената на филмот „Зона на самракот“ од 1983 година каде Вик Мороу го напаѓаат американски војници во Виетнам, непознат дефект предизвикал пад и рушење на хеликоптерот. Главниот ротор на хеликоптерот го усмртува Мороу, заедно со две деца, Мич Дин Ли и Рене Шин-ји Чен. Подоцна, авторите на филмот биле обвинети за бројни нерегуларности и незаконско вработување на деца. По јавното судење, во кое судот покажал фотографии од несреќата, сите обвинети биле прогласени за невини.