Гавазова, вистински згодна гроздоберка – какво грозје најмногу сака?

342

Време е на грозјето и на гроздоберите ширум Македонија. А една од најактуелните македонски фолк пејачки, атрактивната Сузана Гавазова не само што обожава да јаде грозје и бело и црно, а потоа и да пие квалитетно македонско вино, таа многу сака и да влезе ова време од годината во лозјата и да бере грозје без престанокот.

Колку ја бива во гроздоберските вештини, може да се види по сликите на кои Сузана со бела шапка, за да се заштити од топлото македонско сонце, во бел фустан и со корпа во која ги става гроздовите е вистинска згодна гроздоберка! Таман сè е како што треба, сè си е на своето место, па дури и тетоважата на рамото од раката. Уште фали само и соодветна песна да ни запее со својот милозвучен глас.

Некоја песна нели за виното, емоциите, грозјето, бербата….а, во виното е секогаш вистината, за љубовта и животот!  Д.М.