Филипче: Технички може да се промени епидемиолошката анкета, добро е што на пунктовите има многу малку позитивни случаи

158

Технички прашањата во епидемилошката анкета кои се однесуваат на тоа дали лицето било во странство или имало контакт со лице кое било во странство може да се променат од страна на матичните лекари кои се со искуство, вели министерот за здравство Венко Филипче.

-Точно дека тие прашања се од почетокот и се однесуваат на тоа дали лицето имало контакт со странство, но матичните лекари се со искуство и технички може да се смени прашањето, изјави министерот одговорајќи на новинарско прашање дали ќе има промена на овие прашања со оглед на тоа што веќе вирусот се шири локално.

Според Филипче е позитивно тоа што на пунктовите за тестирање од коронавирусот се забележани многу малку позитивни случаи.

– Многу е важно што увидовме дека многу малку на пунктовите се забележани позитивни случаи на Ковид-19. Од луѓето кои се јавуваат, кои аплицираат на анкетата, пред се позитивните случаи, се лица на кои им пристапуваат епидемиолозите, на пациенти кои веќе имаат сериозни симптоми, кои што укажуваат на запаление на белите дробови, кои што може да потекне од коронавирусот, рече Филипче.