Поранешниот светски тениски рекет број еден Швеѓанецот Матс Виландер, говоереше за ситуацијата во тенисот за време на пандемијата со коронавирусот.

Тенисот е суспендиран барем до 13 јуни, најверојатно и на подолго, а голем шок меѓу тенисерите беше откажувањето на најстариот грен слем турнир Вимблдон.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сезоната ја почна многу добро, со 18 последователни победи  и три осовени титули (АТП купот, Австралија опен и Дубаи)

-Најголем губитник е Ѓоковиќ. Тој се уште нема загубено меч оваа годинаи јасно е дека вирусот го запре неговит налет, изјави Виландер за Л’Екип.

Но губитник нема да биде само светскиот рекет број еден.

-И за другите тенисери ова е голема загуба, особено оние кои ја бркаа големата тројка. Нормално, тие многу напредуваа, но момците како што се Шаповалов, Циципас… растат со играње натпревари. Кога сте млад тенисер не сакате премногу да тренирате, не сакате да го минувате времето во удирање на бехенд, сакате да играте натпревари, вели Швеѓанецот.

Потегот кој се смета за идеален го направи Роже Федерер, кој пред да биде одложен првиот турнир одлучи да направи операција на коленоти и да ја пропушти сезоната на земја.

-Единствениот играч кој може да пронајде позитивна работа од сето ова се оние кои од Австралија се вратија повредени. Кога тенисот повторно ќе почне да се игра, сите ќе мора да тргнат од нула. Но, многу е лошо тоа што не се знае кога сезоната ќе продолжи, изјави Виландер.