Фиго експресно му одговори на Перез

195

Шпанскиот весник „El Confidencial“ ги објави тајно снимените разговори во кои првиот човек на Реал (М), Флорентино Перез, брутално ги навредува клупските легенди и поранешните тренери.

На една снимка, претседателот на „кралскиот клуб“ го навредува и легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго. Откако во 2006 година го продаде на калчо гигантот Интер, Перез го посочи Фиго како главен виновник за крајот на ерата позната како „Галактикоси“.

  • Фиго е тој кој ја за*ба екипата. Најдобар беше Зидан, тука нема никаква дилема. Фиго беше ку*вин син, баш како и Раул. Тие двајца беа најлошото нешто за тимот, зборува на аудио снимката првиот човек на Реал (М).

Во вторникот во Тел-Авив беше одигран пријателски натпревар помеѓу легендарните фудбалери на Барселона и Реал (М). По натпреварот новинарите го прашаа Фиго што мисли за аудио снимките во кои е брутално навредуван од претседателот на шпанскиот гигант.

  • Мислам дека во приватните разговори може да имате изрази кои се извадени од контекст. Јас имав шанса да поразговарам со Флорентино Перез и тој веднаш ми се извини. Тоа е готова работа, изјави Португалецот.

Освен Фиго, во аудио снимките може јасно да се слушне како Перез ги навредува клупските легенди Раул Гонзалес, Гути, Фабио Коентрао и Кристијано Роналдо, како и поранешните тренери, Жозе Мурињо и Винсенте дел Боске.