Тој веќе не е доволно добар за Германија

32

Легендарниот репрезентативец на Германија, Лотар Матеус, повторно докажа дека има нешто лично против својот сонародник, Тони Крос. Стандардниот првотимец во дресот на шпанскиот гигант Реал (М) силно беше критикуван поради елимнацијата на Германија во 1/8 финалната пресметка од ЕП 2020 против селекцијата на Англија. По елиминацијата, Матеус изјави дека Крос го нема тоа што е потребно за да и понатаму игра на највисоко можно ниво.

  • Крос мисли дека е подобар играч отколку што јас мислам за него. Немам ништо лично против него, можам да му честитам за се што има постигнато како фудбалер на Реал (М) и репрезентативец на Германија. Му симнувам капа за целата кариера. Фантастичен, елегантен играч, но неговите игри на ЕП 2020 беа разочарувачки. Покажа дека не може да биде лидер. Сите негови контакти со топката не можат никако да помогнат, убаво е тоа да се види, но нема никаква користи од неговите допири. Неговите долги додавања се како неговата фризура – убави се и чисти, но истите тие одземаат многу време и го убиваат духот на играта. Во ниту еден момент не превзеде некаква одговорност, изјави Матеус по натпреварот против Англија.

И десет дена подоцна, поранешниот фудбалер на Баерн (М) и Интер има слично мислење за својот сонародник.

  • Неговите игри повеќе не се доволни за репрезентацијата и мене не ми се допаѓа неговата игра, изјави Матеус кој освен за Крос, вратата од националниот тим ја затвори и за Тимо Вернер, Кевин Воланд и Бернд Лено. Според него, тие четворица нема што повеќе да бараат во репрезентацијата на Германија.