Феудалната кула „заробена“ во смет

479

Срам, бес и гнев се зборовите со кои може да се опише околината и самата „Феудална кула“, која се наоѓа во строгиот центар на метрополата, а која како историско наследство е на мапата на посети за странските туристи. 

Ова го потврди и Гордана Јанакиевска, претседател на здружението на граѓани „КИНГМАРКОЛЕНД“, која долги години работела во областа на туризмот.

-Отидов да снимиме неколку места за проект со кој требаше да привлечеме туристи. Вака ќе ги привлекуваме, се срамам од професијата во која сум ги дала најубавите години, надевајќи се дека Македонија може да биде добра туристичка дестинација – се нејзините зборови, откако како што вели се соочила со стравотната глетка за која има и фотографии кои укажуваат на негрижата и запуштеноста на овој објект. Расфрлени хартии и најлонски кеси во околината

Срам, бес и гнев се зборовите со кои може да се опише околината и самата Феудална кула која се наоѓа во строгиот центар на метрополата, а која како историско наследство е на мапата на посети за странските туристи.

Ова го потврди и Гордана Јанакиевска, претседател на здружението на граѓани „КИНГМАРКОЛЕНД“, која долги години работела во областа на туризмот.

-Отидов да снимиме неколку места за проект со кој требаше да привлечеме туристи. Вака ќе ги привлекуваме, се срамам од професијата во која сум ги дала најубавите години надевајќи се дека Македонија може да биде добра туристичка дестинација – се нејзините зборови откако како што вели се соочила со стравотната глетка за која има и фотографии кои укажуваат на негрижата и запуштеноста на овој објект. Хартии и, најлонски кеси расфрлани во околината.

-Одамна не сум видела вакво нешто во самиот центар на градот. Делот каде што беше собата на мајка Тереза, во времето кога Стојан Тренчевски беше претседател на здружението „Скопјанката Мајка Тереза“, сега е заклучена. Заклучен е и делот каде што се наоѓа спомен-плочата на Тоше Проески, и има останати фотографии. Сето тоа е заградено и не може да се влезе внатре. Не разбирам зошто тогаш тие се направени ако не може внатре да се влезе и тоа да се види – реагира Јанакиевска.

Таа вели дека сè уште е многу гневна и не може да сфати дека може да дојдеме до ова дереџе.

-Тоа е страшно. Не можам да се освестам. Ова е срам за секој што ќе помине оттука. Што ќе пренесат туристите и каква порака ќе однесат. Сега повеќе немаме класичен туризам. Најголем дел од туристите сами доаѓаат. Никој овде не се грижи тој турист каква приказна ќе пренесе за Македонија. Сметам дека ваквата состојба е последица на луѓе кои се поставени на погрешни места – децидна е Јанакиевска.

Од Музејот на Македонија, чија сопственост е Феудалната кула, објаснуваат дека приземната странична просторија, врз база на недефинирана согласност (бидејќи нема писмен договор),  ја користи Здружението за афирмација на ликот и делото на скопјанката Гонџа Бојаџиу за кое претпоставуваат дека повеќе не постои,  но во времето додека функционирало, бесправно го узурпирало просторот во
кулата, но и зад кулата со поставување на железна ограда.

-За овој случај од страна на Музејот се водеше и судска постапка и во најбрзо
време, веќе наредниот месец, здружението ќе биде дислоцирано од
објектот на Феудалната кула и исто така ќе биде отстранета и железната
ограда – нагласија од Музејот на Македонија.

Оттаму додаваат дека редовно се прават контроли во внатрешниот дел на
кулата каде што имаат пристап на погорните нивоа.

Велат дека веќе имаат соодветен план за повторно ставање во функција на целиот објект Феудална кула и со работите ќе се започнат веднаш по ослободувањето на просторијата.

-Планираме да отвориме галериски простор за привремени изложби на млади уметници. Што се однесува до околината, кога ќе се ослободи, просторијата ќе се среди. Феудалната кула некако дојде во втор план откако се изгради Спомен-куќа на Мајка Тереза и некако се подзаборави, но кога ќе се реши спорот, сè ќе биде поинаку – уверува директорот на Музејот на Македонија, Илија Цурев.

Феудалната или Беговската кула е кула во центарот на Скопје во предворјето на Домот на АРМ. Таа спаѓа во посебен вид станбена архитектура која истовремено служела и како одбранбен објект. Заради одбранбениот карактер во долната зона има помал број прозорци и посебен вид отвори за пушки. Единствено, на последниот кат има благо издадени балкони од дрво, т.н. теферичи. За греење на кулата биле направени две огништа сместени во ѕидовите на првиот и вториот кат. Третиот кат се затоплувал од оџаците кои поминувале низ него. Скалите кои водат низ кулата се сместени во дебелите камени ѕидови, чија широчина изнесува 1,45 метри.

Изградена е кон крајот на 17 век и во почетокот на 18 век. Висока е 14 метри со квадратна основа 7,5  х 7,5 метри. Во почетокот на 20 век била сопственост на скопското семејство Кулели. Денес во неа е сместена спомен-собата на Мајка Тереза, родена во Скопје.

(А.П.)