Кошаркарите на Фенербахче се освојувачи на Купот на Турција откако го совладаа тимот на Анадолу Ефес со 80:67, на финалниот натпревар.

Во најголемиот дел од мечот, избраниците на Шарас Јасикевичиус беа во предност и на крајот сосема заслужено дојдоа до победата.

Кај победниците, најефикасен беше Џонатан Мотли со 12 поени, додека на спротивната страна, прво име беше Шејн Ларкин со 12 коша.