ФеД: Економската активност во САД продолжува да расте со умерено темпо

90

Федералните резерви на САД (ФеД) укажуваат дека економската активност во земјата во мај и јуни го продолжила растот со умерено темпо, притоа, прогнозите за периодот што следува се позитивни, и покрај некои негативни очекувања во трговијата.

ФеД е всушност Ценралната банка на САД, и наводите за економијата на земјата се објавуваат осум пати годишно во таканаречената „Беж книга“ (Beige book), извадоци од анализи и коментари на 12 регионални федерални банки за економската состојба во земјата.

– Од средината на мај до почетокот на јули економската активност во земјата продолжи да се зголемува со умерено темпо… Очекувано е растот да продолжи умерено, и покрај загриженоста за можно негативно влијание во однос на трговската неизвесност. Општо земено, предвидувањата за периодот што следува се позитивни, се вели во документот на ФеД.