Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Магдевски ја продолжи соработката со актуелниот шампион на Македонија, екипата на МЗТ Скопје, откако денеска и официјално се обврза за двегодишен договор тимот од Аеродром.

Магдевски имаше забележителен настап во минатата сезона во која дојде до првиот шампионски трофеј во кариерата, во чие освојување имаше голем придонес. Тој беше дел и од младинската школа на Реал Мадрид, потоа извесен период настапуваше за Партизан, по што се врати во Македонија, каде пред настапот за Гостивар од каде што дојде во МЗТ Скопје пред почетокот на минатиот шампионат две сезони играше и за Фени индустри.

Минатата сезона тој настапи на 26 средби во АБА 2 лигата со просек од 4,9 поени, 2,7 скока и 2,7 асистенции додека во домашното првенство на 34 средби просечно реализираше 8,8 поени заедно со 3,7 асистенции и 3,1 скокови.