Уште еден Македонец во Лигата на шампиони

129

Благодарение на капитенот на актуелниот шампион на Хрватска, тимот на Динамо (З), Аријан Адеми, Македонија ќе има уште еден фудбалер кој ќе ја преставува во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. Популарните „модри“ одиграа 1:1 на гостувањето во Норвешка и со вкупен резултат од 3:1 го елиминираа тимот на Розенборг и по пауза од една година обезбедија пласман во групната фаза од ЛШ.Домаќинот дојде во водство со погодокот на Бабајидае Дејвид, а израмнувачкиот погодок, кој беше вистински еврогол, беше дело на Амер Гојак.

Покрај тие на Динамо (З) и Црвена звезда, пласман во групната фаза обезбедија и фудбалерите на грчкиот вицешампион, Олимпијакос. Гигантот од Пиреа забележа уште една победа но сега од 1:2 на гостувањето во Русија и со вкупен резултат од 6:1 го елиминира тимот на Краснодар

– Пред една година бевме многу тажни, и тогаш заслуживме пласман во групната фаза, но скромно, цела година работевме во Лига Европа. Го подигавме квалитетот на нашите играчи и бевме први во групната фаза. Имавме убава улога и дојде посакуваната награда. Честитки до сите кои го создадоа овој Динамо. Горд сум на сите кои дадоа било каков придонес и голема благодарност до раководните лица кои ми дадоа шанса да бидам предводник на овие играчи, изјави тренерот на Динамо (З), Ненад Бјелица.

Втора година по ред, пласман во групната фаза обезбедија и фудбалерите на актуелниот шампион на Србија, тимот на Црвена звезда. Реванш пресметката против Јанг Бојс во Белград заврши без победник (1:1), но благодарение на ремито (2:2) со повеќе погодоци на првиот натпревар во Швајцарија, „црвено-белите“ ја исполнија зацртаната цел. И на овој натпревар домаќинот прв дојде во водство со погодокот на Алекса Вукановиќ, а во 82. минута, ефектен автогол постигна Ел Фардоу Бен.

Покрај тие на Динамо (З) и Црвена звезда, пласман во групната фаза обезбедија и фудбалерите на грчкиот вицешампион, Олимпијакос. Гигантот од Пиреа забележа уште една победа но сега од 1:2 на гостувањето во Русија и со вкупен резултат од 6:1 го елиминира тимот на Краснодар.