Учете за љубовта од птиците на Антарктикот: Пингвините ги запросуваат своите женки/видео

255

Кога примерите за љубовта би ги барале меѓу животните, без размислување треба да се угледаме на пингвините. Преубавите птици од Антарктикот не летаат, но за топлина, нежност и изразување на емоции знаат многу повеќе од другите припадници на животинското царство.

Имено, машките претставници на овој вид, откако ќе ја пронајдат женката со која ќе го поминат целиот живот, тие лутаат по целата плажа трагајќи совршен камен кој е нивното свето нешто, како кај луѓето венчалниот прстен.

Кога ќе го пронајдат го носат кај својата избраничка и го спуштаат пред нејзината нога.

Доколку женката го подигне каменот мажјакот тоа го сфаќа како „ДА“, а доколку не, тој е одбиен.

Најпознатиот вид на пингвини кој на ваков начин стапуваат во интимен однос се нарекуваат аделијски вид (францускиот истражувач ги именувал така во 1983 година по својата сопруга Адел).

Зошто баш камења?

Со камења тие прават гнездо за да имаат удобно место за водење љубов и одгледување на новороденчињата, а камењата често ги крадат и од други гнезда.

Во дури 72 отсто од случаите, пингвините се верни животни, а се разделуваат во случај на угинување.

Тие се несебични во улогата на родители и ја делат одговорноста за одгледување и хранење на младенчињата. Заедно градат гнезда за нив и се многу нежни и приврзани за младенчињата.

Комуникацијата на пингвините е многу важна, така што тие постојано „разговараат“ со партнерот.