Меган Маркл странец во кралското семејство: Ставена на листа, чека британско државјанство

145

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, поднела барање за добивање британско државјанство уште пред две години, но од тоа се уште ништо. Војвотката аплицирала и чека уште од ноември 2017 година, кога се вери со принцот Хари. Но, процесот на добивање државјанство е тежок и комплициран механизам, низ кој мораат да пројдат дури и членовите на кралското семејство. Немилосрдна е британска администрација кога дури и една Меган Маркл ја става на „листа на чекање“, пишува Дејли меил.

– Меган се уште не е британска државјанка. Можеби тоа се чини невообичаено бидејќи веќе 18 месеци е во брак со внукот на кралицата, но го прифатила фактот дека процесот за добивање државјанство е едноставно бавен – рекол пријател на Меган.

Постојат неколку начини на кои може да се поднесе барање за државјанство, а Меган се пријавува како сопруга на британски државјанин. Доколку некој дојде во земјата како вереник на британски државјанин, мора да се венча во рок од шест месеци, што војвотката и го направила.

Чекањето државјанство значи дека Меган нема да може да гласа на општите избори во Англија. На членовите на кралското семејство им е дозволено да гласаат иако тие традиционално не излегуваат на избори.

Меѓутоа, досега се покажало дека војвотката е подготвена да им пркоси на кралските правила. Портпаролот не сакал да открие никакви информацици за тоа дали Меган ќе гласа на претседателските избори во САД.

Војвотката во вторникот во својот дом во тајност се сретнала со поранешната кандидатска за претседател на демократитие, Хилари Клинтон.