Ученички протести ширум светот поради климатските промени

75

Илјадници ученици ширум светот излегоа денеска на протест поради климатските промени.

Индија, Јужна Кореја, Австралија и Франција се меѓу земјите каде тинејџерите веќе излега на улиците. Се очекува акцијата, која ја започна шведската тинејџерка Грета Тунберг со протест пред Парламентот во Стокхолм, да биде организирана во околу 100 земји.

Научниците предупредуваат дека се потребни построги мерки со цел да се спречи гобалното затоплување.

Речиси 200 земји се обврзаа со потпишување на Парискиот климатски договор во 2017 година дека ќе ја одржат температурата „значително под“ два степена Целзиусови над прединдустрискиот период и ќе овозможат растот на глобалната температура да се ограничи на максимални 1,5 степени.

Протестите на децата ширум светот, кои се организирани преку Твитер и други социјални мрежи, траат веќе неколку месеци.

Шеснаесет годишната Тунберг е номинирана за Нобелова награда за мир од страна на тројца норвешки пратеници, благодарејќи на нејзината активност во борбата против климатските промени.