Во Јужна Кореја тројца мажи се обиделе да украдат златна скулптура тешка 167 килограми, но алармот се вклучил, па крадците не успеале во своите намери, објави Јонхап Њуз.
Полицијата ги потврди овие наводи. Натрапниците се обиделе да ја скршат клучалката на вратата на изложбената сала, но полиција дошла прилично брзо по алармот. Крадците не се фатени.
Скулптурата во облик на на лилјаци тешка 167 килограми е во вредност од 2,37 милиони долари.