Утре од 9 до 12 часот Припор ќе биде без струја, дел од Аеродром без вода

130

Поради исклучување на напон од страна на ЕВН без електрична енергија денеска во периодот од 9 до 12 часот ќе биде дел од Припор. Исклучувањето на електричната енергија се врши се со цел да се изврши темелна контрола на двете трафостаници кои се во состав на ПС Припор.

“Водовод” во перидот од 9 до 12 часот ќе изврши замена на усисно потисните вентили за пумпа број 1 и пумпа број 2 кои пумпаат вода за висока зона Аеродром. Замената на вентилите преставува основа за поставување на две нови пумпи. Прекинато водоснабдување од 9 часот. ќе имаат корисниците од високата зона Аеродром, а постепено вода ќе снемуваат корисниците од Припор 1, 2, 3, Сопиште, Ракотинци и Добри дол.