Уапсени двајца припадници на УНМИК за грабеж во Приштина

67

Двајца припадници на цивилната мисија на Обединетите нации во Косово – УНМИК, се уапсени синоќа при обид за грабеж во еден локал, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што објави порталот коха.нет, станува збор за еден Албанец и една Русинка.

Случајот за порталот го потврдија полициски извори, најавувајќи дека наскоро ќе бидат објавени повеќе детали за настанот.