Унгарија пред период на масовна зараза со коронавирусот

138

Претставничката на здравствените власти на Унгарија Сесилија Милер предупреди дека земјата наскоро може да се соочи со период на масовна зараза со коронавирусот и покрај фактот што досега, како што рече, била успешна во „исправање на кривата” која го покажува растот на бројот на заразени.

Во моментот на болничко лекување има 847 пациенти, а 63 луѓе дишат со помош на респиратори, рече Милер на онлајн прес-конференција.

Говорејќи за владината наредба болниците да испразнат дел од своите кревети за пациенти со коронавирус, Милер рече дека само 15 проценти од креветите ќе бидат испразнети, бидејќи вообичаено се зафатени од 65 до 70 проценти од болничките легла, кои вкупно ги има 66.000.

Таа истакна дека пациентите чија здравствена состојба може да се влоши со испуштање од болница, нема да бидат испратени дома.

Одговарајќи на новинарско прашање, Милер рече дека коронавирусот досега е регистриран во 12 од вкупно 1.035 домови за стари лица во земјата, а 31 лице починале.