Улицата „Лазо Трповски“ во Бутел ќе биде затворена за сообраќај

119

Градот Скопје известува дека поради изведување градежни работи, улицата „Лазо Трповски“ во општината Бутел ќе биде затворена за сообраќај од понеделник до среда, на потегот од кривината со улицата „Боца Иванова“ до влезот на гробиштата „Бутел“.

За влез во гробиштата „Бутел“ ќе може да се користи улицата „Александар Урдаревски“.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.