УЖАС во Канада – Автобус влетал во градинка, две деца загинаа, шест се повредени

65

Градски автобус денеска удри во градинка во канадскиот град Лавал, северно од Монтреал, при што загинаа две деца, јавува АП.

Шест деца завршија во болница. Возачот на автобусот (51) е уапсен и обвинет за убиство и возење во пијана состојба. Полицијата се уште утврдува зошто возачот на автобусот влетал во градинката.
По несреќата многу родители отишле во градинка да ја проверат состојбата на нивните деца. Полицијата ги упатила во блиското основно училиште, кое сега е главното собирно место по несреќата. На местото на несреќата пристигнале повеќе полициски возила и брза помош.

Сведок на настанот изјавил дека возачот излегол од автобусот и ја соблекол целата облека и почнал да вика.
Градоначалникот на Лавал, Стефан Бојер, соопшти  дека возачот работел за Сосиете де транспорт де Лавал околу 10 години и немал никакви инциденти во неговото досие.

„Постои теорија дека се работи за намерно дело, но тоа допрва треба да биде потврдено од истрагата“, истакна градоначалникот на Лавал.