Ужас во Германија: Автомобил влета во пешаци на аеродром, неколку лица се повредени

62

Непознат маж со својот автомобил влетал во пешаци во паркинг гаражата на аеродромот Келн-Бон на западот од земјата, при што повредил неколку лица.

Според локалната полиција, мажот удрил и во неколку автомобили, пренесува Дојче Веле.

Полицијата соопшти дека има индиции дека мажот има проблеми со менталното здравје.

Како што дознава Билд, мажот дал отпор при апсењето пред полицијата да го совлада. Повредени се и двајца полицајци.