Уги влезе во историјата на Канскиот фестивaл како најпознатото куче актер во последните 20 години

87

Кучето од расата Џек Расел териер, кое со улогата во оскаровскиот филм „Уметник“ ги освои срцата на гледачите, денес влезе во историјата на Канскиот фестивал, откако му беше доделена наградата „Кучешка палма на сите кучешки палми“ за најдобро куче-актер во изминатите 20 години откако се доделува наградата.

Уги би бил многу горд, изјави неговиот тренер, Омар фон Милер, кога го прими трофејот-ѓердан во друштво на дублерот на Уги.

Уги, кој наградата „палма за кучиња“ за најдобро куче-актер во филмот прикажан на Канскиот фестивал во 2011 година почина во 13-тата година во 2015 годинам пренесува Ројтерс.

Се прослави играјќи го сопатникот на францускиот актер Жан Дижардан во црно-белиот филм кој зборува за ѕвезда на гермаскиот нем филм чија кариера пропаѓа кога звучниот филм почнува да го освојува Холивуд.

Извор:www.nytimes.com