Уапсен насилник од дебарско кој нападнал брачен пар

45

Уапсен насилник кој нападнал брачен пар во дебарското село Могорче.

-На 22.11.2022 околу 18.30 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во месноста „Бошков мост“, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 20-годишниот Е.А. од с.Могорче. Тој бил пријавен дека половина час пред тоа физички се пресметувал со 42-годишниот А.З. и неговата 41-годишна сопруга Ф.З. во дворот пред нивната семејна куќа, а на што му претходела нивна меѓусебна вербална расправија. Според пријавеното, Е.А. во пресметката користел и остар предмет со кој ги повредил сопружниците А.З. и Ф.З.. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.-соопштуваат од МВР.