Уапсени над 1500 демонстранти против мобилизација во Русија, на некои веднаш им се врачени позиви за војска

128

На некои Руси кои се уапсени на протестот против воведување делумна мобилизација во земјата, врачени им се повици за служење воен рок додека биле во притвор, соопшти здружението за човекови права ОВД-Инфо. Откако Владимир Путин во средата ја најави првата поголема мобилизација во Русија од Втората светска војна, летовите од земјата се распродадени, а во неколку градови се одржани масовни протести, кои полицијата брзо ги раздели.

ОВД-Инфо соопшти дека се приведени најјмалку 1.310 демонстранти, а на некои од нив веднаш им биле врачени повици за одење во војска. На демонстрант во Москва му е кажано дека би можел да се соочи со десет години затвор поради одбивање да го прифати повикот на мобилизација. Според рискиот закон, полицијата има овластувања да ги спречи луѓето за кои смета дека ја избегнуваат мобилизацијата.

Законот исто така предивдува повеќегодишни казни и големи парични казни за оние кои ја избегнуваат војната служба без правна основа за изземање. ОДд 15 полициски управи стаса известување дека се приведени мажи кои добиле повик за мобилизација, се наведува во сопштението на ОВД-инфо. Тој рече само дека тоа „не е нелегално“.

Полицијата не била достапна за коментар, ниту канцеларијата за мобилизација, наведува Ројтерс. Повици за мобилизација наводно биле упатени и до новинарите.

Имено, руската телевизија Дожд објави дека Артем Кригер, новинар на порталот СОТА, добил покана во војска откако бил уапсен додека известувал за протестите против мобилизацијата во Москва.

Во четвртокот, по одлуката за делумна мобилизација, некои мажи се упатија кон границите.

Зголемен метеж е забележан на граничните премини со Финска и Грузија, а цените на авионските билети од Москва вртоглаво пораснале.