Арсовска: Нема доволно силен маж во земјава кој ќе ми ја загрози безбедноста

51

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на ТВ21 порача дека не се плаши и нема обезбедување.

Таа порача дека во земјава нема доволно силен маж кој ќе и ја загрози безбедноста.

„Да, закани има, секогаш имало и верувам дека ќе продолжи да ги има, меѓутоа повторно тоа се зборови од луѓе кои се несигурни во себе, кои што знаат дека прават нешто кое не е соодветно, кое што не доликува“, вели Арсовска.