Тухел опседнат со Обамејанг

116

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Челзи откри дека менаџерот на „сините“, Томас Тухел, сака по секоја цена во новата сезона да ги има на располагање и услугите на брзоногиот напаѓач од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Пјер Емерик-Омабејанг. Раководните лица на двата клуба се веќе седнати на преговарачката маса, а понудата на Челзи сигурно нема да биде помала од 25 мил. фунти.