Трпев секакви навреди во Германија

174

Месут Озил го живее најчудниот период во неговата фудбалска кариера. Не игра колку што сака во дресот на Арсенал, повеќе нема статус на ѕвезда, стави крај на репрезентативната кариера откако се сликаше со претседателот на Турција, Ердоган, а пред неколку месеци сред бел ден заедно со тимскиот колега, Сеад Колашинац, беше нападнат од неколку разбојници.

Во последното интервју кое го даде за „Атлетик“, Озил откри зошто повеќе нема да игра за репрезентацијата на Германија.

  • Ердоган е претседател на Турција и јас го почитувам секој кој е на таква позиција. Иако сум роден во Германија, моето потекло е турско. И претседателот на Турција и канцеларката Меркел да дојдат во Лондон и да посакаат да ме видат и на поразговараат со мене, јас од почитување ќе се сликам со нив. Луѓето мора да го почитуваат тоа што јас го имам направено за Германија: играв девет години за репрезентацијата, го освоив СП 2014, бев еден од најдобрите играчи. Мојата генерација го промени германскиот фудбал, станавме забавни, како Шпанија, изјави Озил.

Офанзивниот играч за врска е убеден дека многу работи се промениле после неговата фотографија со Ердоган.

  • После таа фотографија јас се чувствував незаштитено, добивав расистички навреди, дури и од политичари, но никој од репрезентацијата не застана покрај мене и не кажа: Доста! Озил е наш играч и не може така да биде третиран! Сите молчеа, очекуваа да се извинам поради таа средба, да признаам дека сум згрешил. Тоа никогаш нема да го направам. Од секогаш постои расизмот, но некој тоа го искористи за да го ослободи. Мојата слика може да ти се допаѓа или да не ти се допаѓа. За жал, расизмот во Германија не е проблем само на екстремната десница, тој е дел од општеството, смета Озил.

Поранешниот фудбалер на Вердер од Бремен и Реал (М) откри дека најтешко му било после елиминацијата во групната фаза на СП 2018 во Русија.

  • Ми викаа: „Врати се таму од каде што си дојден, е*и се турска свиња…“. Пред стартот на СП 2018 игравме пријателски натпревар во Леверкузен. Постојано го навредуваа Гундоган, кој исто така се сликаше со Ердоган. Ми викаа е*ач на овци и нешто слично. Пред да заминеме во Русија требаше да бидам дел од неколку реклами, но сè беше откажано. Неколку хуманитарни здруженија ја откажаа соработката со мене иако бев амбасадор. Ми сугерираа дека треба да се извинам. Најлошо поминав во мојот роден град. Многу му помагав на моето училиште, а кога требаше да дојдам и да се запознаам со децата и вработените, ми кажаа дека подобро да не доаѓам поради медиумското внимание и зголемениот рејтинг на десницата во тој град. Не можев да поверувам, мојот роден град, моето училиште. Им подадов рака, а тие ме одбија. Можев да се преселам, но и понатаму имам силна врска со Германија, плаќам данок од милион евра. Кога е во прашање репрезентацијата, тоа е готово, заклучи Озил.