Да Винчи направил нацрт на мост, а денешните инженери, откако го тестирале, останале без збор!

405

Прочуениот Леонардо да Винчи во 1502 година скицираl нешто што го замислил како најдолгиот мост на светот во тоа време. Научниците и инженерите го тестирале неговиот дизајн и утврдиле дека таков мост навистина би можел да биде изграден за да биде стабилен и безбеден.

Нацртот на Да Винчи, кој долго бил изгубен, прикажува еден мост со лак без никакви лепења или носечки столбови. Мостот е осмислен така што стои само благодарение на компресијата. Тој мост би бил долг 280 метри и би бил најдолг во времето кога славниот ренесансен уметник го нацртал.


Иако самиот мост никогаш не бил изграден, инженери од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) го тестирале дизајнот и виделе дека тој би фунционирал.

Во 1502 година, османлискиот владетел Бајазит Втори побарал предлози за дизајн на мост кој би ги поврзал Цариград, денешен Истанбул, со соседната област позната како Галата. Да Винчи бил меѓу оние кои на султанот му испратиле писмо со опис на идејата за мостот.

Иако Да Винчи веќе бил познат уметник и изумител, оваа работа не ја добил, се наведува во соопштението на МИТ. Меѓутоа, минатата недела инженерите од универзитетот во Барселона го претставија својот труд во кој го тестирале мостот на Да Винчи.

Инженерите од МИТ го проучувале неговиот цртеж, како и материјалите кои му биле достапни тогаш и условите за градење во тоа време. Направиле модел на мостот за да ја тестираат неговата стабилност и како тој може да реагира на различни услови.

Мостот во времето на неговото конципирање бил нов дизан во споредба со тогаш популаните полукружни мостови. На овие лакови им биле потребни столбови поставени долж распонот на мостот како би се потпрела неговата тежина и должина.

Но Да Винчи предложил сплоснат лак, кој и понатаму би ја достигнал доволната висина за под него да можат да поминуваат бродови, ама неговиот мост би се состоел само од голем лак кој би им овозможил на луѓето да поминат од Истанбул во Галата.

Тоа е неверојатно амбициозно. Бил околу десет пати подолг од типичните мостови во тоа време“, изјавила Карли Баст од МИТ за „Лајф сајенс“.

Како што изјави професорот по архитектура Џон Охсендорф, мостот имал и пософистицирана геометрија со повеќе криви и бил потродимензионале од типичните лачни мостови.

Да Винчи го осмисил да биде цврст за да може да ги издржи земјотресите кои често се јавуваат во таа област.

Во тоа време каменот бил примарен градежен материјал во избрадбата на мостовите со таква должина, бидејќи дрвото или тулите не биле практични. Истражувачите не пронашле никакви детали за изградбата на мостот, ама веруваат дека камењето би биле спојувани со малтер.

За да ја тестираат цврстината на мсотот, тимот инженери отпечатиле со 3Д печатач 126 блокови кои би претставувале илајдници камеи блокови кои би му биле потребни на оригиналниот мост. Нивниот модел бил 500 пати помалу од мостот на Да Винчи.
Кога моделот на мостот би изграден во овој римски стил, биле користени скелиња за блоковите да можат да останат на место. Кога го поставиле завршниот камен, скелињата биле отстранети.

Тоа беше критичен момент кога прв пат го поставивме мостот. Имав многу сомнежи. Кога го поставив завршниот камен, помислив: „Ова ќе успее“. И потоа ги извадивме скелињата и станавме. Тоа е силата на геометријата. Ова е моќен концепт. Добро е осмислен“, изјави Баст.

Инженерите ја тестирале и стабилноста на мостот симулирајќи што би можело да се случи ако тлото е ослабено од земјотрес. Мостот ги издржал симулациите. Заклучиле дека мостот на Да Винчи бил стабилен.

Меѓутоа, не било лесно да се изгради во 16. Век, а ни денес, генерално поради трошоците.

Докажавме дека неговите идеи за мостот биле пред неговото време. Малку е веројатно дека некогаш воопшто ќе биде изграден од причини поради трошоците и практичноста, ама тој би можел да ги инспирира идните дизајнери да сонуваат големи соништа“, рече професорот Охсендорф.