Децата кои се евакуирани од Авганистан во Јужна Кореја, при пристигнувањето на аеродромот во Сеул на подарок добија плишани играчки.

Децата збунети во за нив непознатата земја, во рацете цврсто ги држеа плишаните мечиња и другите плишани животни и го разгледуваа местото на кое дошле. Некои од нив им ги поздравуваа фотографите кои ја овековечија оваа трогателна сцена.

САД и сојузниците од аеродромот во Кабул, ден по терористичкиот напад со најмалку 98 жртви, се обидуваат да евакуираат што повеќе луѓе од Авганистан пред истекот на рокот на 31 август. Од почетокот на операцијата досега од Авганистан евакуирани се 105.000 луѓе.