Трикратна светска шампионка почина на 23 години

52

Трикратната светска шампионка во велосипедизам Кели Кејтлин, почина во 23. година од животот, соопшти Велопсипедската федерација на САД. Како што се вели во нивното соопштение, велосипедистката починала на осми март, а не е наведена причината за смртта.

Кејтлин има осовено три последователни златни медали во екипна конкуренција во период од 2016 до 2018 година, а сребрен медал во истата дисциплина има освоено на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Таа има возено за Рели УХЛ, а на Универзитетот Стенфорд студираше информатика и математика.

-Длабоко жалиме заради смррта на Кејтлин. На сите многу ќе ни недостасува. Таа беше повеќе од спортистка и засекогаш ќе биде  дел од американското велосипедско семејство, се вели меѓу другото во соопштението на федерацијата на САД.