Тренерското столче за Пеп

113

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), откри дека раководните лица ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на трофејниот шпански стручњак, Пеп Гвардиола.

Актуелниот менаџер на Манчестер Сити имаше успешна авантура во германската Бундес лига каде со Баерн (М) освои неколку шампионски титули, но не го освои трофејот во Лигата на шампиони. Гвардиола има договор со „граѓаните“ до 2021 година, но нема никаква најава за продолжување на соработката.