Трамп пред средбата со Си: Ќе биде многу возбудлив ден

48

Состанокот на американскиот и на кинескиот претседател, Доналд Трамп и Си Џинпинг, кој треба да се одржи утре на маргините на Самитот Г20 во јапонскиот град Осака, ги подгреа надежите дека може да дојде до приближување на двете најголеми светски економии во жестокиот спор околу технологијата и постојаниот трговски суфицит на Кина.

Двете страни меѓусебно воведоа такси на извоз на стока во вредност од една милијарда долари, а Пекинг побара од САД да се најдат на половина пат со цел да се реши ситуацијата.

Трамп за време на средбата со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро истакна дека не ветил воздржување од воведување нови санкции против Кина, но нагласи дека верува оти состанокот со Си ќе биде продуктивен.

Ќе видиме што ќе се случи утре. Сигурен сум дека денот ќе биде многу возбудлив, нагласи Трамп, изразувајќи надеж дека состанокот ќе заврши успешно за двете земји.