ТРАГЕДИЈА СЕ СЛУЧИ ВЕЧЕРВА: Двегодишно дете почина на Детската клиника

618

Двегодишно дете од Ресен почина вечерва на Детската клиника, дознава Слободен печат.

Детето било позитивно на Ковид-19, првично хоспитализирано во Битола, па препратено во Скопје.

„Детето нема медицинска историја кај нас, бидејќи фамилијата живее во Германија. Од податоците што ги добивме имал сериозни претходно дијагностицирани состојби, белодробна хипертонија, трахеомалација, оперирана срцева маана ВСД, заостаток во моторниот развој. Ковид сигурно не е причина за лошиот исход. Брзиот тест за ковид бил позитивен кај детето а негативен кај мајката“, вели директорката на Клиниката, д-р Стојка Нацева Фуштиќ, за Слободен печат.