Тома Здравковиќ на филмско платно: Игран филм за пејачот на тагата

222

По повеќе од една година подготовки овој викенд започнува снимањето на игран филм за една од најголемите екс-југословенски естрадни ѕвезди, за Тома Здравковиќ (Хеј Бранка, Бранка, Дотако сам дно живота, Свирајте ми тихо, Киша је падала, Пустите ме да живим…).

Продуцентите се Жељко Јоксимовиќ и Драган Бјелогрлиќ Главната улога му ја доделија на актерот Милан Мариќ, додека Тамара Драгичевиќ со него ќе ја видиме во улогата на исто така славната пејачка Силвана Арменулиќ која животот го заврши во страшна сообраќајна несреќа.

И славната Силвана Арменулиќ во филмот за Тома

Сценариото за овој романтичен биографски филм е напишано од Никола Пејаковиќ и Драган Бјелогрлиќ, а режијата му е доверена на Зоран Лисинац, кој десет години ги помина работејќи во САД.
– Тома Здравковиќ беше наречен „поет на тагата“ или пејачот кој пееше тажни песни. Тој пееше од срце. Сите го сакаа. И, оние што не слушаат народна музика, го сакаа и слушаа Тома. Дури и денес, 30 години по неговата смрт, неговите песни се слушаат и нарачуваат во кафаните. Тие се пеат и нарачуваат дури и од оние кои не знаат кој бил Тома. Напишани се неколку книги за него и неговиот живот, подигнати се два споменици.Сега еве го и на филмот. Заслужено, раскажа Драган Бјелогриќ.

Посебно внимание ќе се посвети на музиката за која живеел Тома.
– Ова ќе биде одличен потсетник со обврска за музика и жанр што многумина одамна ги заборавија. Иако на многумина им се чини дека музиката од тоа време постојано е околу нас, работите не се такви. Инвазијата на нови трендови, брзината на животот, премногу честите отуѓувања на луѓето произведуваат секојдневие што никој нема ни да го запамети. Самиот Тома рече дека времето поминато во кафеана и потрошените пари во неа не биле ништо друго освен инвестиција во меморијата. Треба да размислиме за тоа што ќе се сеќаваме од животот. Овој филм е за тоа, порачува популарниот Жељко Јоксимовиќ еден од продуцентите.