Италијанскиот калчолигаш Наполи ќе се обиде до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на офанзивниот бек од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Киран Тирни. Репрезентативецот на Шкотска има статус на стандарден првотимец но во последниот период игра под очекуваното ниво и постијано е критикуван од британските медиуми. Раководните лица на Наполи се убедени дека се потребни околу 25 мил. евра за да се осигураат неговите услуги.