Тие двајца се расправаа речиси секој ден

369

Откако откри дека сака да биде како познатиот холандски стручњак Луис ван Гал и дека легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, имал четри омилени фудбалери на кои никогаш не им викал, селекторот на Велс, Рајан Гигс, сега го привлече вниманието на јавност со приказната за заминувањето на Дејвид Бекам од „Олд Трафорд“.

Дејвид Бекам си замина од редовите на Манчестер Јунајтед и потпиша за шпанскиот гигант Реал (М) во 2003 година за 37 мил. евра, а таквиот трансфер претставуваше шок за многу луѓе.

Само што се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, фудбалската јавност почна да ги форсира приказните дека Бекам имал сериозен проблем со менаџерот на „црвените ѓаволи“, а дека двајцата не се мирисале потврди и Рајан Гигс кој играше за Јунајтед од 1990 до 2013 година.

  • Причината за нивното недоразбирање беше фудбалска. Секој ден се расправаа, и таквата ситуација, таквата атмосфера веќе беше нешто премногу и за двајцата. Тогаш дојде и тој момент кога сфатија дека дојден е тој момент за да се одалечат еден од друг, изјави Гигс кој не сакаше да откри дали имало и физичка пресметка помеѓу нив двајца.

Легендарниот репрезентативец на Англија играше за Јунајтед од 1992 до 2003 година, а во 1995 година беше позајмен на нисколигашот Престон. Од „Олд Трафорд“ си замина во Реал (М), а потоа и во ЛА Глакаси. На два пати играше и како позајмен во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан. Својата богата фудбалска кариера ја заврши во дресот на ПСЖ, а дресот на „Гордиот Албион“ го носеше на 115 натпревари на кои постигна и 17 погодоци.