Тешка сообраќајка кај Охрид, пет лица се повредени

119

Вчера попладне во близина на Охрид се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу два автомобили и еден камион, а петмина биле повредени, велат од МВР.

„На 05.12.2021 во 17.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај с.Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(61) од Битола, патничко  возило „фолксваген голф“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(54) од с.Делогожда, струшко, и товарно возило „ман“ со полуприколка, со албански национални ознаки, управувано од К.М.(57) од Р.Албанија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачите Т.П. и Н.К., како и сопатниците од возилото „тојота“ К.П.(55) и Г.П.(40), двајцата од Битола, а со телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило Б.М.(40) од Битола, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ и Општата болница во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид“, додаваат од МВР.