Тешка повреда на Халил Јагањец, Хрватска оди на СП без половина репрезентација

373
epa08965217 Croatia's Halil Jaganjac (L) in action against Denmark's Magnus Saugstrup Jensen (C) and Magnus Landin Jacobsen (R) during the Main Round match between Denmark and Croatia at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 25 January 2021. EPA-EFE/Petr David Josek / POOL

Шведска и Полска ќе бидат домаќини на Светското првенство во ракомет што е закажано од 11 до 29 јануари следната година, а хрватската репрезентација на тој турнир ќе патува со половина репрезентација. Она што е познато е дека Марко Мамиќ и Давид Мандиќ ќе го пропуштат турнирот поради повреди, но тренерот Хрвое Хорват има уште многу да се грижи.

Имено, под знак прашалник е настапот на Иван Чупиќ, а Лука Циндриќ моментално е надвор од тренинзите во Барселона поради проблем со мускулот. Последната лоша вест за Хорват пристигна од Германија, а се работи за повредата на Халил Јагањец.

Рајн Некар Ловен викендов славеше во Ерланген 33:30, а на тој меч се повреди Јагањац.

„Засилувањето од Хрватска се здоби со една од најтешките повреди во борбата за топката. МНР скенирањето на дислоцираното рамо во понеделникот откри дека лигаментите и тетивите не се скинати или скршени. Следниот чекор ќе биде најдобриот можен третман за Јагањац да го залечи рамото. Во секој случај, тој нема да биде на теренот до крајот на годината, се вели во соопштенмието од таборот на „лавовите.“

Хрватска игра во групата со Египет, Мароко и САД. Таа на последното СП во Египет не успеа да го мине второто коло, како и на шампионатот одржано на почетокот на оваа година.