Постарите жени отсекогаш биле фантазија за младите момци, а оние што успеваат да ги добијат се чувствуваат како победници. Овој пат со таква авантура може да се пофали младата НБАѕвезда Џејлен Грин, која успеа да ја заведе тетка Драја Микеле (38) и да ја одведе во кревет.

Џејлен Грин важи за еден од најдобрите млади играчи во НБА-лигата. Вториот избор на драфтот во 2021 година има голем потенцијал и се предвидува дека ќе го одведе Хјустон рокетс доста далеку во наредните неколку години.

Сепак, ова лето 21-годишната ѕвезда е во центарот на вниманието поради жената со која беше уловена од лицата со камера. Во неговиот живот влезе Драја Микеле, која е 17 години постара од него.

Станува збор за жена која е добро позната. Таа стана мајка на само 17 години, нејзиниот постар син се роди во 2002 година, исто како Џејлен Грин, а вториот во 2016 година. Двете деца ги доби со поранешниот НФЛ-играч, Орландо Скандрик.

Овој пат реши да тргна по стапките на Ларса Пипен, поранешната сопруга на Скоти, која веќе со години прави „масакр“ со млади НБА-играчи.

Грин и Микеле беа фотографирани заедно пред неколку дена и изгледаа многу весело и среќно. Грин дефинитивно може многу да научи од неа, а Хјустон се надева дека таа нема да влијае премногу негативно на него.

Што се однесува до неговата кошаркарска кариера, минатата сезона Џејлен Грин имаше просек од 22,1 поен на натпревар и во Хјустон очекуваат во новата сезона да биде уште подобар и во иднина да прерасне во вистинска ѕвезда.

Грин ги има сите предиспозиции да го направи тоа, но дефинитивно ќе му треба многу работа. Талентот е неспорен, но често и не е толку важен.