EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Пред почетокот на новата сезона во НБА-лигата се случи и првиот голем инцидент откако Дрејмонд Грин и Џордан Пул физички се пресметаа на тренингот на Голден стејт. Соиграчите мораа да ги разделат и на тој начин спречија уште поголем хаос. Сè уште не е познато што точно довело до скандалот.

Прв за тоа напиша Шамс Чаранија од порталот „Атлетик“. Според неговите информации, „прво дошло до конфликт со впуштање в лице, по што Грин го удрил Пул, па потоа биле разделени“. Клубот сè уште не се огласил, иако американските медиуми тврдат дека „Грин ќе биде санкциониран поради ова“.

Наводно, Дрејмонд по сè, се извинил, иако некои медиуми пишуваат и дека „Пул се променил откако дознал дека ќе добие нов договор и многу поголема плата“. Според актуелниот договор, тој ќе заработи околу четири милиони долари за оваа сезона. „Воините“ сакаат да го задржат и се подготвени да му платат значително повеќе во наредните години. Што се однесува до Грин, тој е во исчекување на нов договор, но ваквите работи може скапо да го чинат. Не е првпат да влегува во конфликт со соиграчите, познато е дека се скара и со Кевин Дурент и дека многумина тврдеа дека Дурент го напуштил клубот поради него.

Инаку, Голден стејт објави дека потпишал договор со поранешниот кошаркар на Оклахома, Тај Џером. Дваесет и петгодишниот играч ќе се бори за место во финалниот состав. Минатата сезона, Џером одигра 48 натпревари за Оклахома, со просек од 7,0 поени, 1,6 скока и 2,3 асистенции.