EPA-EFE/Jose Mendez

И покрај победата од 2:1 над Саудиска Арабија, фудбалерите на Мексико не успеаја да се пласираат во нокаут-фазата на Светското првенство во Катар.

Со оглед на тоа што Аргентина ја победи Полска со 2:0, на Мексико му беа потребни три бода, но и поголема гол-разлика за да се пласира во осминафиналето, но не успеа во тоа.

Селекторот на Мексико, Херардо Тата Мартино, по натпреварот потврди дека ќе се повлече од селекторската функција поради раната елиминација од Мундијалот.

Мартино ја презеде функцијата селектор на Мексико во јануари 2019 година, а по натпреварот изјави дека договорот му истекол во моментот кога судијата свирнал – крај.

  • Јас сум одговорен за фрустрацијата и за разочарувањето. Многу е тажно и ја преземам целосната одговорност за овој голем неуспех. Договорот ми истече кога судијата свирна – крај – изјави Мартино.